КОНЦЕРТ НА ГУДАЧКИОТ КВАРТЕТ „АТАКА“ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (2 октомври) од 20 часот, во малата сала на Филхармонијата ќе се одржи концерт на гудачкиот концерт „Атака“ со дела од македонски композитори. Ова е последниот концерт во рамките на годинашното издание на фестивалот Денови на македонска музика.

Ќе бидат изведени дела на композиторите Ристо Аврамовски, Валентина Велковска-Трајановска, Гоце Гавриловски и Филип Иванов.

Гудачкиот квартет „Атака“ е во состав Ева Богоевска и Марија Трајковска на виолина, Илза Бафтиари на виола и Маја Михајловска на виолончело. Влезот е слободен.