Вечерва (5 ноември) од 20 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје концерт ќе одржи квинтетот „Ин медиа рес“ од уметничкиот центар „Полифонија“.
Концертот е насловен „Македоникум (свита од 12 разгледници од Македонија)“, а музиката ја напиша композиторот Давор Јордановски. Во квинтетот членуваат Сања Шуплевска на виолина, Марија Јаќимовска на флејта, Ристо Ѓоревски на кларинет, Орце Ицковски на фагот и Давор Јордановски на пијано.
Концертот е во рамките на Есенски музички свечености.