На 25 април од 20 часот во Филхармонијата, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на кој како гости ќе настапат француските музичари Пјер Миле на труба и Бети Жардан како вокал. (фото). Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин.
Роден во средината на 1970-тите, Пјер Миле се етаблира како инспиративен инструменталист и композитор кој покрај џез музиката соработува со бројни уметници од областа на рок музиката, како и разни други жанрови, од циркуска музика до шансони.
Бети Жардан е француска пејачка која живее во Нормандија и во својата кариера често соработува со Пјер Миле. Има студирано џез теорија на Конзерваториумот во Каен, а изучувала и индиска музика во Јужна Индија, повеќе од 10 години. Националниот џез оркестар направи нови, биг-бенд аранжмани на композициите на Миле и Жардан.
Фото: „Џез Каен“