КОНЦЕРТ НА ТРИОТО „БАЛКАН АШК“ ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ, ЌЕ СВИРИ ТУРСКА МУЗИКА И ДЕЛА ОД СВЕТСКИ КОМПОЗИТОРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Триото „Балкан ашк“ вечерва (27 јуни) од 20 часот ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба. Формирано во 2021, триото е во состав Ерхан Шукри на виолина (професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и диригент на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и на Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“), Мерсиха Шукри на харфа и Енис Аљи на виолончело.

Концертот е организиран од новоформираната НУ Центар за култура на турската заедница во Македонија.

На репертоарот се дела од познати светски композитори и неколку турски песни од композиторот и пијанист Фахир Атакоглу, кој пишува класична, популарна и џез музика. Албумот на Атакоглу „За љубов“ од 2020 е на различни јазици, во соработка со 42 музичари од осум земји.