„КРАФТВЕРК“ НИЗ 3Д ОЧИЛА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Крафтверк“ спои историја на електронската музика со малку современа технологија за да создаде комплетно и уникатно доживување на концертот во преполната арена „Борис Трајковски“, со кој почна 20. издание на фестивалот „Таксират“.

Македонија за првпат гледаше концерт низ 3Д очила, што беше толку соодветно да ни го овозможи еден од најиновативните бендови во музичката историја.

Иако во осмата деценија од животот, Ралф Хитер останува движечката сила на „Крафтверк“, чија музика и по толку многу децении успеа да ја задржи хипнотичката моќ врз публиката.

(Фото: Д. Јовановска)
(Фото: Д. Јовановска)
(Фото: Д. Јовановска)
(Фото: Д. Јовановска)