По 30 години „Архангел“, уште едно звучно музичко име од регионот ќе прослави голем јубилеј на претстојното, 22. издание на фестивалот Таксират.
По две години пауза, култната и контроверзна словенечка група „Лајбах“ се враќа во Скопје, каде што на 29 октомври ќе одбележи четири децении постоење. Концертот под мотото „Љубовта е сѐ уште жива“ ќе се одржи во А1 арената „Борис Трајковски“.
Согласно новите протоколи, и овој концерт ќе може да се проследи само со седење, а бројот на билети е ограничен.