Легендарниот сурфер Кели Слејтер ги објави плановите за изградба на најголемиот вештачки бран на светот и тоа среде пустина.

Кели Слејтер вејв компани“ се здружи со приватни инвеститори во проект за изградба на комплекс од 1.620 квадратни метри, чија вредност се проценува на 200 милиони долари. Покрај хотел со 150 соби и 600 домови со вредност меѓу еден и пет милиони долари, главната атракција на комплексот ќе биде базен со вештачки бранови, наменети за сурфање. Тој ќе има капацитет од 68 милиони литри вода и во еден момент ќе може да прими 25 сурфери. Петмина во исто време ќе можат да сурфаат на најголемиот бран.

Комплексот ќе се гради во Ла Кинта, Калифорнија, во близина на планината Корал и изградбата треба да почне следната година, а отворањето е предвидено во 2022.

Избравме да го правиме овој проект зашто ни овозможува дополнително да ја развиваме нашата технологија. Тој се базира на некои мои оригинални идеи и може да биде појдовна точка за развојот на други вакви паркови за сурфање“, кажа 48-годишниот Слејтер, кој важи за најдобриот сурфер на сите времиња.