Со одложување од месец и пол, Леди Гага денеска го објави својот шести студиски албум, прв по четири години пауза.
Насловен „Хроматика“ (Chromatica), тој содржи 16 песни, вклучувајќи ги соработките со Аријана Гранде и Елтон Џон и критичарите велат дека тој означува враќање кон поп звукот.
Најавен со песната „Глупава љубов“ на 28 февруари, „Хроматика“ оригинално требаше да излезе на 10 април, но тоа беше одложено поради коронавирусот и во меѓувреме беа објавени уште два сингла.
Од последниот албум „Џоен“ во 2016 година, Леди Гага имаше голем филмски хит со „Ѕвезда е родена“, освојувајќи го Оскарот за најдобра песна.