ЛЕГЕНДАРНИТЕ ГРЧКИ БЛУЗЕРИ „БЛУЗ ВАЈР“ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 18 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Настапот на грчкото трио „Блуз вајр“ е следниот настан што го организира „Блуз фамилија“, здружението кое стои зад Котон блуз фестивал. Овој концерт ќе се одржи во скопскиот клуб „Маракана“ на 18 април, со почеток во 21 часот.

Предводени од пејачот и гитарист Елијас Зајкос, „Блуз вајр“ се вистински легенди на грчката блуз сцена. Бендот е основан во 1983 и следната година го објави првиот блуз албум целосно снимен од грчки музичари.

Влезниците се по цена од 250 денари.