Легендарниот британски блуз гитарист и пејач Стен Веб ќе одржи концерт во ноќниот клуб „Станица 26“ во Скопје на 23 февруари, што ќе биде Градска сесија број 10, серијалот во организација на концертната агенција и продукција „3Гонга“

Седумдесет и двегодишниот Веб ќе настапи со својата група „Чикен шек“, што ја оформил во далечната 1965 година и низ сите децении останал нејзиниот единствен постојан член. Било со групата, било како соло-изведувач, Стен Веб има издадено повеќе од 25 албуми во изминатите 50 години.

Билетите се по цена од 1.000 денари, а концертот почнува во 20 часот.

Овој месец, „3Гонга“ ексклузивно нуди специјален блок-карти за претстојните четири концерти на Стен Веб, Скот Хендерсон (7 март), „Софт машин“ (14 март) и на „Стик мен“ со Тони Ливајн (22 март) по цена од 3.000 денари.