Лејди Гага одложи 10 концерти во Европа поради големи болки, соопшти денеска промотерот на турнејата
31-годишната пејачка, чие вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Џерманота, не може да настапува во живо поради тоа што страда од тешки болка.
Американската пејачка требаше да настапи во недела и четврток во Лондон, а концерти беа одложени, исто така, и во Манчестер, Цирих, Келн, Стокхолм, Копенхаген, Берлин и во Париз.
Лејди Гага и претходно ги одложи концертите во Европа во септември откако беше однесена во болница во Рио де Жанеиро со силни физички болки.
Таа има кажано дека страда од фибромиалгија, состојба на хронична болка.