ЛИБАНСКИОТ ВИОЛИНИСТ АРА МАЛИКИЈАН ЌЕ ГИ СВИРИ БОУВИ И ПАГАНИНИ НА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ВО ОКТОМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 18 октомври во Филхармонијата, концерт ќе одржи виолинистот Ара Маликијан, објави продукцијата „Прагма“.

Маликијан е виолинист со ерменско потекло роден во Либан, се школувал во Германија, а подоцна се преселил во Шпанија. Свирел во над 40 земји и има освоено бројни награди на меѓународни натпревари. Има снимено 28 албуми за период од 25 години. Во својот репертоар, освен неговите авторски композиции, вклучува и преработки на песни од Дејвид Боуви и „Лед Цепелин“ и класични дела од Бах и Паганини.

Билетите се продаваат преку мрежата на kupikarta.com.