Суперхитот на американската кантавторка Били Ајлиш, „Лошо момче“, е прогласен за најпродаван светски сингл за 2019. Меѓународната фонографска федерација објави дека песната на тинејџерската ѕвезда остварила 19,5 милиони продажби преку даунлодирање и стриминг.

Песната беше на врвот на топ-листите во 15 земји. Благодарение на неа, Ајлиш триумфираше на годинашното доделување на музичките награди Греми, освојувајќи пет грамофончиња, меѓу кои и за песна на годината.

Осумнаесетгодишната Ајлиш е авторка и на насловната песна за новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“.