„ЉУБОВНИ ДУЕТИ“, БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ НА СОЛИСТИТЕ ОД ОПЕРАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Солитите од хорот на Националната опера и балет ќе одржат концерт насловен „Љубовни дуети“, на 26 април од 20 часот во Операта.
Ќе се пеат арии од познати опери: „Веселата вдовица“, „Травијата“, „Љубовен напиток“, „Боеми“, „Хофманови приказни“, „Трубадур“, „Травијата“ и „Моќ на судбината“.
Во дуети настапуваат солистите: Мила Николовска, Бобан Рајчиноски, Билјана Баевска, Денис Димоски, Билјана Камчева-Божиновска, Надежда Рубен, Нико Ѓоргиевски, Ернес Ибраимовски, Виктор Битовски, Никола Чедомировски
Катерина Весковска и Марија Наумовска.

Уметнички соработник е Елена Сиљаноска. Влезот на концертот е слободен.