МАДОНА ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ОДРЖИ БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ НА ПЛАЖАТА КОПАКАБАНА

Рио де Жанеиро, (Ројтерс)

Мадона објави дека ќе одржи концерт на легендарната плажа Копакабана во Рио де Жанеиро, кој ќе биде најголем во нејзината кариера.

„Бразил, доаѓам наскоро“, изјави 65-годишната поп-кралица.

Концертот ќе се одржи на 4 мај, ќе биде бесплатен за сите фанови и ќе се пренесува на телевизијата „Глобо“. Претходните концерти на Копакабана привлекоа милиони луѓе, а таму настапија и „Ролинг стоунс“, Род Стјуарт и Лени Кравиц.

Мадона ја започна својата нова светска турнеја „Прослава“ во октомври и досега помина низ 14 држави.