Денеска (28 октомври) во 19 часот во Музејот на македонската борба во Скопје почнува меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло”, кој по 15. пат го организира Детскиот културен центар „Карпош”. На првиот концерт ќе настапат најдобрите млади класични гитаристи.
Утре од 19 часот во Филхармонијата концерт ќе одржат гитаристи од Шпанија, групата „Ел Сонидо де ла вида“ и Карлос Санчес. На 30 октомври во Музејот на македонската борба ќе настапат Џими Лиу од Tајван и Каси Мартин од Франција.
Покрај трите концертни вечери, во текот на овој музички фестивал ќе се одржат и мастер часови и работилници за класична гитара и фламенко. Влезот за концертите е слободен.