МКЦ ПРВПАТ Е ДОМАЌИН НА ФЕСТИВАЛОТ ЛАЈВЈУРОП

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младински културен центар во Скопје првпат е домаќин на фестивалот ЛајвЈуроп, две години откако стана дел од истоимената мрежа на легендарни европски концертни сали.

Фестивалот ќе трае од денеска до сабота и ќе се одржува во рамките на деветтата ПИН музичка конференција, која традиционално се одржува во пресрет на фестивалот Таксират.

Осумнаесет европски бендови и музичари ќе настапат во рамките на ЛајвЈуроп, а македонската сцена ќе ја претставуваат Авелина, Димитра, „Паркети“, „Допе куќата“, „Искра“, „Луфтанза“ и „Калата“. Сите тие ќе имаат ретка можност да ја претстават својата музика пред претставници на 22 концертни сали од Европа, кои се дел од мрежата, што од регионот се само уште „Кино Шишка“ од Љубљана и „Мочвара“ од Загреб.