МУЗИЧКА ВЕЧЕР СО ШТРАУС НА СКОПСКО ЛЕТО, НАСТАПУВА ДУОТО НАУМОВСКА-НАУНОВ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)
Сопранистката Марија Наумовска и пијанистот Андреја Наунов вечерва (29 јули) од 20:30 часот ќе одржат концерт на Скопско лето во Даут пашин амам. На концертот ќе се изведат дела од Штраус.
Наунов беше вработен во Националната опера и балет (НОБ) ĸаĸо хорсĸи пејач (2002-2005), а од 2005 работи ĸаĸо пијанист-ĸорепетитор, соработувајќи со голем број диригенти, солисти и режисери. Од 2009 работи и ĸаĸо надворешен соработниĸ на Фаĸултетот за музичка уметност во Скопје. Учествувал во целоĸупниот репертоар на НОБ, ĸој брои повеќе од 50 оперсĸи наслови.
Наумовска-Бакревски е родена во 1986 во Битола. Со музика почнала да се занимава на осум години. Работи и како професор по соло пеење во Државното музичко училиште во Битола. Моментално е вработена во Националната опера и балет.