МУЗИЧКИОТ НАСТАН „НЕШТО ШТО ЌЕ ОСТАНЕ“ НА 14 СЕПТЕМВРИ ВО СКОПЈЕ, ВОДИТЕЛ Е САШКО КОЦЕВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 14 септември во скопскиот Парк на Франкофонијата од 20 часот ќе се одржи музичкиот настан „Нешто што ќе остане“.

Ќе настапат Влатко Лозаноски-Лозано, Пајак, Лара Иванова, Таско, Фиц и групата „Ди Инвизиблс“, а водител ќе биде актерот Сашко Коцев (фото).

Настанот е во организација на Општина Центар, која од буџетот издвои 1.500.000 денари.

Фото: К. Попов