НАД 20 УЧЕСНИЦИ НАЈАВЕНИ НА 11. ИЗДАНИЕ НА МУЗИЧКИОТ ФЕСТИВАЛ ЗЕМЈОТРЕС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Единаесеттото издание на музичкиот фестивал Земјотрес ќе се одржи на 4 февруари, традиционално во Младински културен центар во Скопје.

Фестивалот кој промовира свежа домашна независна музика и оваа година ќе опфати разни музички стилови, при што на три бини ќе настапат повеќе од 20 имиња. Меѓу најавените учесници се „Фулиш грин“, Дина Јашари, „Педро хорисонте“, Мирко Попов, Горан Кан, „Преку ред“, „Занаду“, „Допе куќата“, Бон Праскиза, Бодан Јамакоски…

Цената на влезниците се движи од 300 до 450 денари.