НАЈБРЗИОТ ПИЈАНИСТ НА СВЕТОТ ЉУБОМИР МЕЛНИК ЌЕ СВИРИ ВО СКОПЈЕ НА 22 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Љубомир Мелник, кого го нарекуваат најбрзиот пијанист на светот, ќе одржи концерт во Скопје на 22 август, а локацијата ќе биде зградата на Пошта. Седумдесет и двегодишниот Украинец е познат по својата пијано техника на континуирана музика, која се карактеризира со екстремно брзи ноти и со сложени серии на ноти.

Почнувајќи од 1970-ите, Мелник има создадено повеќе од 120 дела, главно за соло и двојно пијано и со својот брз начин на свирење има поставено два светски рекорда. Во 1985 година, тој одржувал брзина од 19,5 ноти во секунда со секоја рака и свирел меѓу 13 и 14 ноти во секунда цел час.

Билетите по цена од 500 денари ќе бидат во многу ограничен број. Концертот е во организација на Младински културен центар,