НАЈГОЛЕМИТЕ ХИТОВИ НА ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ В САБОТА НА ОТВОРЕНО КАЈ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот Златно славејче слави јубилејни 50 години, а поради коронакризата, вообичаеното фестивалско издание е поместено од ноември во овој викенд и ќе се одржи во вид на концерт со најголемите хитови.

Концертот е закажан в сабота на големиот паркинг пред спортскиот центар „Борис Трајковски”, со почеток во 11 часот.

„Се потрудивме да има безбедно другарување според сите услови и протоколи кои ни се на располагање“, велат од Фестивалот.

Билетите се во ограничен број по цена од 150 денари и се продаваат преку mktickets.mk.