Утре (11 април) во 19:30 часот, со концерт на Националниот џез оркестар (НЏО) ќе биде отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ на Градскиот плоштад во Гевгелија.
НЏО ќе свири хитови и евергрини од македонската и светската музичка сцена. Диригент ќе биде Џијан Емин, а како пејачи, покрај членовите на биг бендот, ќе настапат Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска.
„Овие безвременски мелодии ќе добијат нов, уникатен звук преку специјално адаптирани аранжмани за изведба со биг бенд состав“, велат од Министерството за култура.