Џез групата „Некст ту сајленс“ (Next to Silence) в сабота (12 октомври) ќе го промовира своето второ студиско издание насловено „Ruh“, во пресрет на настапот на отворањето на Скопскиот џез фестивал (СЏФ). Слушачката промоција на албумот, кој е издаден под етикетата на СЏФ, ќе се одржи во „Аудиокултура“ со почеток во 20 часот.
Албумот содржи пет авторски композиции, изведени од Кирил Кузманов – саксофон, Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас гитара и Гоце Наумов – тапани.
Композициите се снимени и миксани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Продуценти се „Некст ту сајленс“ и Јанкуловски, а извршен продуцент е Оливер Белопета.
Фото: М. Аргакијева