„НОКАУТ“ СО КОНЦЕРТ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ ПО 22 ГОДИНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт во Свети Николе на 31 август од 23 часот на градскиот плоштад, по 22 години. Концертот е во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“.
„Има ли некој тука што бил на нашиот последен концерт во Свети Николе, пред цели 22 години? На 31 август ќе се видиме пак, малку постари и поискусни, ама со исто толкава енергија“, велат од бендот.
„Нокаут“ минатата година одржа пет концерти во Скопје, во Филхармонијата со Дарко Гелев- Брејк како гостин. Летово, тие има летна турнеја со концерти во Античкиот театар во Охрид, на Херакјела во Битола, во Делчево и во Велес.