НОВА НЕЗАВИСНА МУЗИКА ПО 13. ПАТ ЌЕ СЕ ПРОМОВИРА НА ЗДРАВО МЛАДИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На пет бини и со 20 учесници, вечерва во кругот на Младински културен центар во Скопје ќе се одржи 13. издание на фестивалот на нова независна музика Здраво млади. Програмата почнува во 20 часот.

Меѓу изведувачите од САД, Европа, регионот и Македонија се истакнуваат лондонското трио „ПВА“, „Маусковиц денс бенд“ од Холандија, „Планет опал“ од Италија, култниот американски музичар Ијан Свенониус и хрватскиот шоумен Војко В, за кого ова ќе биде прв настап во Скопје.

Од домашната музичка сцена, на фестивалот ќе бидат „Мај тир“, „Доуп куќата“, „Калата“ и Елизабета Костадиновска, а ќе има и мултимедијален перформанс и видеоизложба.

(Фото: Фејсбук)