НОВИОТ АЛБУМ НА „ДИП ПАРПЛ“ ИЗЛЕГУВА ВО ЈУЛИ

Лос Анџелес, (НМЕ)

Хард рок легендите „Дип парпл“ го најавија излегувањето на својот нов, 23. студиски албум. Насловен „=1“, тој официјално ќе биде објавен на 19 јули.

Последниот албум со оригинална музика „Дип парпл“ го издаде во 2020, а следната година сними албум со обработки.

На ‘=1‘, ‘Дип парпл‘ уште еднаш соработува со легендарниот продуцент Боб Езрин и го канализира звукот што првпат го стави на музичката мапа пред повеќе од 50 години, но без да се потпира на носталгија. Насловот на албумот ја симболизира идејата дека во светот кој станал уште посложен, сѐ на крајот се поедноставува до една единствена, обединета суштина. Сѐ е еднакво на едно“, стои во најавата на албумот.

Првиот сингл ќе биде објавен на 30 април. Ова е првиот албум на кој гитара свири Сајмон Мекбрајд, кој го замени Стив Морз во 2022.