Деби-албумот на музичарт Иван Кукиќ „Sunday vibes“, го издаде хрватската издавачка куќа „Кроација рекордс“.
Албумот има десет песни, од кои две се објавени како синглови, „Балада за една љубов“ и „Друмови“.
Иван Кукиќ е автор на поголемиот дел од материјалот на албумот, на кој му гостуваат познати музичари: хрватскиот пејач Дадо Топиќ, гитаристот Влатко Стефановски, бугарскиот кавалџија Теодоси Спасов и грчкиот гитарист Сакис Доволис. Во песната „Балкан фанк“, гости се трубачот Џамбо Агушев и тапанарот Јан Стефановски кој заедно со Кукиќ свири во триото на Влатко Стефановски.
Иван студира музичка продукција и дизајн на звук, а свири на шест инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Кукиќ е композитор, аранжер и вокал. Кукиќ често настапува низ регионот, а беше и дел од неколку меѓународни натпревари.