Легендите на гранџот „Прл џем“ објавија дека нивниот нов албум излегува во март, што ќе биде проследено со веќе најавена турнеја низ Северна Америка и Европа.

Насловен „Гигатон“, албумот официјално излегува на 27 март и е нивни прв по цели седум години пауза, а вкупно 11-ти.

„Правењето на овој албум беше долго патување. На моменти беше емоционално мрачно и конфузно, но исто така и возбудливо и експериментално“, изјави гитаристот Мајк Мекриди.

Првиот сингл од албумот „Dance of the Clairvoyants“ ќе биде објавен во наредните недели. Бендот тргнува на турнеја на 18 март, а во Европа доаѓа на 23 јуни.