ОХРИЃАНИ И СТРУЖАНИ НАПРАВИЈА СПЕКТАКЛ СО ХИТОВИТЕ НА „ПИНК ФЛОЈД“

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Охридско-струшки музичари синоќа на „Долни Сарај” во Охрид направија вистински спектакл со изведба на 15-ина безвременски хитови на „Пинк флојд“.

„Долни Сарај“ беше претесен да ги прими сите заинтересирани, кои дојдоа да уживаат во музиката на одбраната група музичари. Зад проектот стои екипа од 11 членови, кои изминативе седум-осум месеци напорно работеа и го подготвуваа материјалот.

На концертот настапија Ѓоко Танески (вокал), Анатоли Aрнаудоски (гитара), Димитри Алчев (гитара и вокал), Владимир Кречоски (бас гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Никола Јосифоски (клавијатури), Горан Папаз (саксофон) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ-Павловска како пратечки вокали.

Според реакциите на посетителите, станува збор за врвен музички производ и еден од настаните кои ќе го одбележат ова лето во Охрид.

Д. ЧУБРИЌ