Ози Озборн откри дека снима нова музика додека заздравува од операцијата на вратот, поради која мораше да ги откаже сите концерти за оваа година и да ги презакаже за следната.

Легендарниот фронтмен на „Блек сабат“ ги обнови повредите на грбот, вратот и рамењата кога падна во својот дом во Лос Анџелес во јануари и вели дека стравувал дека веќе нема да може нормално да оди и настапува.

По операцијата бев во агонија каква што никогаш во животот не сум искусил. Најдепресивната работа беше што мислев дека веќе нема да можам да одам нормално“, изјави Озборн за „Ролинг стоун“.

Додека мирува, тој вели дека снимил демо за девет песни за нов соло албум, што би бил негов прв од 2010 година.

Мора со нешто да бидам окупиран. Се надевам дека повторно ќе можам да настапувам од јануари, но рехабилитацијата се одвива премногу бавно, што тоа ме излудува“, вели 70-годишниот Озборн.