Дискографските куќи „Корпус деликти рекордс“ и „Кичма рекордс“ повторно го објавија дебитантскиот албум на битолската панк рок група „Паркети“, „Грижа на совеста“, овојпат на винил. Овој албум оригинално беше снимен во 1996 година, тогаш само на касета.
На винилот има 17 песни, од кои пет се бонус песни од почетничкиот период на групата. Албумот официјално ќе се најде во продажба од 20 септември.
Извршен продуцент на новото винилно издание е Тошо Филиповски, а мастерингот го правеше Андреј Љатковски.