ПО ПЕТ ГОДИНИ ПРЕСУДЕНО ДЕКА „ЛЕД ЦЕПЕЛИН“ НЕ ЈА УКРАЛ СВОЈАТА НАЈПОЗНАТА ПЕСНА

Сан Франциско, (Би-Би-Си)

„Лед цепелин“ триумфираше во повеќегодишниот спор за авторски права, откако суд во Сан Франциско пресуди дека групата не го украла почетниот риф од својот најголем хит „Скали до рајот“ (Stairway to Heaven).

Британските рок легенди во 2014 година беа обвинети дека ја плагирале песната „Таурус“ на малку познатиот американски бенд „Спирит“. Оваа песна е напишана во 1968, три години пред појавата на „Скали до рајот“.

Гитаристот Џими Пејџ, кој беше тужен со останатите двајца живи членови Роберт Плент и Џон Пол Џонс, во 2016 сведочеше дека „спорната секвенца отсекогаш постоела“. Ова беше оспорувано од обвинителите, кои тврдеа дека песните имаат слична прогресија, но дека Пејџ ја напишал „Скали до рајот“ откако ја слушнал „Таурус“ кога „Лед цепелин“ бил на турнеја со „Спирит“.

Се проценува дека „Скали до рајот“ има донесено приход од 3,4 милиони долари за време на петгодишниот судски спор.