ПОЧНУВААТ „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА“ СО ТРОЈЦА СОЛИСТИ И ОРКЕСТАРОТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток од 20 часот во Големата сала на Филхармонијата ќе започне втората сезона на манифестацијата „Денови на македонската музика“.

Ќе настапат солистите Маја Кастратовиќ на пијано, Златка Митева на флејта и Владимир Лазаревски на обоа. Заедно со оркестарот, солистите на Филхармонијата ќе ги изведат делата: „Пасaкаља“ за симфониски оркестар на тема од Божидар Апих од композиторот Томислав Зографски, „Пасторали“ за флејта, обоа и камерен оркестар од Благоја Ивановски, концертот за пијано и симфониски оркестар „ИН 5“ од Александар Лековски и „Стара песна“, концертни сцени за симфониски оркестар од Томе Манчев.

Диригент е Бисера Чадловска, а влезот е слободен.