ПОЛСКИТЕ МЕТАЛ ВЕТЕРАНИ „ХЕЈТ“ ВТОРПАТ ГОСТУВААТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Полските дет метал ветерани „Хејт“ (Hate) утре (4 март) ќе одржат концерт во Скопје, што ќе биде нивно второ гостување во Македонија досега. Концертот во Младински културен центар, што е во организација на „Терорвоид“, е дел од неколкуте настапи на групата во источна Европа овој месец.

Хејт“ има објавено 12 студиски албуми од основањето во 1991 година. Низ поставата поминале бројни музичари, па како единствена константа остана фронтменот Адам Бушко.

Гости на концертот, кој почнува во 20 часот, ќе бидат домашните бендови „Гаргојлс“ и „Деменси“. Цената на картите се движи од 800 до 1.200 денари.