Членките на поранешната славна група „Пусикет долс“ дадоа заедничка изјава, кажувајќи дека наводите дека таа функционирала како „круг за проституција“ се лажни.
Ваквата вест ја прошири Каја Џоунс, која ја напушти групата пред да стане позната во 2005 година.
„Сите сме биле злоупотребени. Нѐ принудуваа да спиеме со секого за кој ќе нѝ кажаа“, напиша Џоунс на Твитер.
„Пусикет Долс“, предводени од главната пејачка Никол Шерцингер, рекоа дека тие не биле запознати со искуствата на Каја и ѝ понудија помош, нагласувајќи дека останатите членки на групата никогаш не биле сексуално злоупотребени.
„Не планираме да се наруши сето она на што толку многу работевме. Сепак, немаме намера да го одземаме вниманието на јавноста од вистинските жртви на сексуална злоупотреба, кои сакаат да им биде слушнат гласот“, се вели во изјавата.
„Пусикет долс“ беа основани од кореографот Робин Антин во 1995 година како трупа на бурлескни танчарки. Нивните настапи привлекоа многу луѓе во Холивуд и ја делеа сцената со Бритни Спирс, Пинк и Британи Марфи.