На отворено и со строги протоколи за заштита од ковид-19, денеска во Радовиш ќе се одржи петтото издание на фестивалот на електронска музика „Проект калабалак“.

Легендата на белградската и балканска техно сцена Марко Настиќ и грчкиот диџеј Дино МФУ ќе бидат ѕвездите на неколкучасовниот музички настан, што ќе се одржи на паркингот „Орел“, а публиката ќе биде ограничена на 20% од полниот капацитет. Ќе учествуваат и македонските диџеи Никифор, Ампов и Марсаб.

Фестивалот, чие прво издание беше во 2015, го организира здружението на граѓани „Experience in music“. Во претпродажба се пуштени само 800 влезници по цена од 300 денари.