РОБИ ВИЛИЈАМС СО НОВИОТ АЛБУМ ГО ИЗРАМНИ РЕКОРДОТ НА ЕЛВИС ПРИСЛИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Роби Вилијамс го израмни рекордот на Елвис Присли како пејач со најмногу албуми што се искачиле на првото место на британската топ-листа.

„Божиќен подарок“, неговиот прв божиќен албум, изби на врвот откако минатата недела беше победен од „Колдплеј“. Тоа е 12. студиски албум на Вилијамс и вкупно 13-ти кој бил на првото место во Британија.

Севкупиот рекорд го држи „Битлс“ со 15 број еден албуми.

Вилијамс исто така бил на врвот со четири албуми со „Тејк дет“, но сѐ уште е доста далеку од рекордерот Пол Макартни, кој 22 пати бил прв, што со „Битлс“, што соло.