РОК БЕНДОТ „ЛУФТАНЗА“ ЌЕ НАСТАПИ НА ЕГЗИТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Едни од предводниците на новиот бран на македонската рок сцена „Луфтанза“ ќе му се придружат на „Фанк шуи“ на претстојното издание на фестивалот Егзит во Нови Сад.

Луфтанза“, кој неодамна го промовираше својот нов албум, доаѓа на Петроварадинската тврдина како еден од финалистите на годинашната регионална музичка награда ХЕМИ.

Покрај нив, на Егзит ќе настапи и македонската раперска тројка Јанг Дади, Матеј Фолц и Зи Бомб.

Егзит ќе се одржува од 10 до 14 јули, а меѓу големите имиња кои ќе настапат се „Блек ајд пис“, Карл Кокс, Том Морело, „Кавалера“, Бонобо, „Експлоитед“, Блек Кофи и Гучи Мејн.