РУСИЈА МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА НА ЕВРОВИЗИЈА И ПОКРАЈ ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА

Париз, (Би-Би-Си)

На Русија ќе ѝ биде дозволено да учествува на годинашната Евровизија во Торино, и покрај тоа што вчера почна воена инвазија на Украина. Организаторите го опишаа музичкото натпреварување како неполитички културен настан и кажаа дека ќе ги прифатат учесниците од Русија и Украина.

Ние, се разбира, ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, додаде Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

Украинската државна радиодифузија „УА:ПБЦ“ побара Русија да биде суспендирана. Оттаму додаваат дека руската радиодифузија, која го организира тамошниот избор, е гласник на Кремљ и клучна алатка на политичката пропаганда.

Таа учествува во систематското ширење дезинформации за Украина, што е спротивно на вредностите на ЕБУ“, соопшти „УА:ПБЦ“.

Украина ќе ја претставува хип хоп триото „Калуш оркестра“, кое ја замени првичната учесничка Алина Пош, која се повлече откако се дозна дека во 2015 го посетила анектираниот полуостров Крим.