Утре (21 октомври) од 20 часот рускиот пијанист Евгениј Корољов ќе одржи рецитал во Филхармонијата. На програмата е делото „Голдберг варијации“ од Јохан Себастијан Бах.
Корољов (1949) студирал на Московскиот конзерваториум, а живее и делува во Хамбург, каде што од 1978 беше професор на Колеџот за музика.
Заедно со својата сопруга, македонската пијанистка Љупка Хаџигеоргиева, го формираше дуото „Корољов“ во 1976, со кое настапува ширум светот.