СИМФОНИЈА БРОЈ 5 ОД МАЛЕР ВЕЧЕРВА НА ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИОТ КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Благден“ е насловен вечерашниот предвелигденски концерт на Филхармонијата (20 часот), на кој ќе се изведе грандиозната Симфонија број 5 од австрискиот композитор Густав Малер. Со концертот ќе диригира маестро Вања Ѓумар Николовски.

Симфонија бр. 5 е напишана во 1901/02 година и премиерно била изведена на 18 октомври 1904 во Келн.

Мрачниот тон што провејува низ неа е последица на проблемите со здравјето кои Малер ги имал во 1901. Оваа блиска средба со смртта му била инспирација да го напише ова симфониско ремек-дело. Популарноста меѓу пошироката публика во голема мера се должи на нејзиниот четврти став Адаџето, кој режисерот Лукино Висконти го употреби како музичка илустрација во својот филм ‘Смрт во Венеција‘“, велат од Филхармонијата.

(Фото: Фејсбук)