СКОПСКИОТ ХАРДКОР БЕНД „ТРЕНДКИЛ“ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ АЛБУМ НА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот хардкор бенд „Трендкил“ утре (23 ноември) ќе го промовира својот нов албум „Половен кросовер“ на концерт во „Станица 26“ во Скопје. Гости на настанот ќе бидат групите „Последен удар“ и „Пепел“.

„Половен кросовер“ излезе четири години по последниот албум на „Трендкил“, „Never a Victim Always a Renegade“, а во меѓувреме беше снимен миниалбумот „Heavy Fucking Metal“. Новиот албум имаше премиера во живо на фестивалот „Метал дисчарџ“ во Битола во јуни годинава.

Влезниците за концертот ќе се продаваат по цена од 400 денари.

(Фото: Фејсбук)