Еден од најголемите алтернативни бендови од 90-ите години, „Смешинг пампкинс“, ја најави својата прва турнеја по 18 години пауза, која ќе ги вклучи и оригиналните членови Били Корган (вокал/гитара), Џејмс Иха (гитара) и Џими Чемберлин (тапани).
Басистката Дијарси Врецки ја одби понудата да ѝ се придружи на групата на турнејата низ Северна Америка, наречена „Сончева и толку светла турнеја“.
Групата веќе некое време на социјалните мрежи го навестуваше својот камбек на сцената, па турнејата ќе се совпадне со 30-годишнината од нејзиното формирање во Чикаго.
„Смешинг пампкинс“ го објави првиот албум во 1991 година, освои две Греми награди, а се распадна девет години подоцна поради внатрешни конфликти. На турнејата ќе се свири само материјал снимен до 2000 година.
Местото на Врецки ќе го заземе Џеф Шродер, а турнејата стартува од Бојз, Ајдахо, во септември.