Пред да излезе нејзиниот шести студиски албум „143“, Кејти Пери се вклучи во живо на нејзините профили на социјалните мрежи за да сподели делови од песни.
Албумот, кој пристигнува на 20 септември, е опишан од поп-пејачката како албум за танцување, нешто што отсекогаш сакала да го направи.
„Зборев за правење два албума во последните осум години, а ова е албум за танц. Има супер енергија и полн е со љубов и светлина“, додаде американската пејачка.
Пери првично најави дека првиот сингл ќе излезе на 11 јули заедно со спот, но сепак решила делови од песните прво да ги промовира на социјалните мрежи. Иако не е најавена турнеја, Пери на ТокТок рече дека го расчистила распоредот за да може да оди на турнеја во блиска иднина.