Антониа Гиговска сними спот за песната „Жена“, која ја испеа на фестивалот Макфест. Автори на песната се Лазар и Магдалена Цветкоски.
„Многу сум среќна што ‘Жена’ успеа да допре до многу луѓе, снимив песна како поддршка за сите жени. Искрено ме радува што добив комплименти од многу жени. Ова е многу посебна песна за мене, таква и ќе остане. Секоја жена треба да биде сакана, почитувана и заштитена. Ова не е само моја приказна, ова е приказна на секоја жена, ова се приказни на жени кои ги слушнав во изминатите неколку месеци“, кажа Гиговска.
Режисер на спотот е Даниел Јовески.