СО „ДАНТЕ“ И РУСКИОТ ПИЈАНИСТ ГУГНИН, ФИЛХАРМОНИЈАТА ВЕЧЕРВА ЈА ЗАВРШУВА КОНЦЕРТНАТА СЕЗОНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со вечерашниот концерт „Данте“ (20 часот) пред публика, Филхармонијата ја заокружува оваа концертна сезона. Ќе бидат изведени дела од Фомин, Лист и Пачини, а солист е пијанистот Андреј Гугнин од Русија. Оркестарот ќе го води Габриел Бебешелеа, шеф диригент на Филхармонијата.

Џовани Пачини (1796-1867) е италијански оперски композитор познат по своите богати мелодиски дела кои биле софистицирано напишани за најголемите пејачи од 19. век. Освен оперски дела, пишувал и за гудачки квартети, а едно од неговите најпознати дела е програмската симфонија „Данте“, која ја напишал во 1864.

Гугнин, како што најавува Филхармонијата, е исклучителен уметник и виртуозен изведувач, кој поседува разновидна и префинета техника.