„СО ТЕБЕ НЕ ГЛЕДАМ СААТ“, НОВА ПЕСНА НА „ДУПЕР“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Со тебе не гледам саат (бејбе)“ е новата песна на „Дупер“, која излезе вчера (3 јули) на јутјуб каналот на групата.

Музиката и аранжманот се на Илчо Нечовски, а текстот го напиша Борис Какуринов.

Песната е снимена и миксана во студиото „ХХЛ“ на Дејан Момировски. За песната е снимен и спот во режија на Трифун Ситниковски. Во спотот играат Методи Пендаровски, Мила Велевска, Владимир Какуринов, Павлина Нечовска, Константин Какуринов и Симон Цубалевски.