„Суперхикс“ ќе биде дел од годинашното издание на фестивалот „Хилс оф рок“ (Hills of Rock) во Пловдив, еден од најголемите рок/метал фестивали во регионот. Фестивалот ќе се трае од 25 до 27 јули.
„Хилс оф рок“ се одржува од 2017 и секоја година носи и ексклузивни настапи за регионот и Европа.
„Суперхикс“ ќе свири на 26 јули на бината „Строеја“, додека главната бина е резервирана за светски музички ѕвезди како „Смешинг пампкинс“, „Сепултура“, „Гоџира“, „Мастодон“, „Сканк ананси“, „Екстрим“ и други.
Фото: СМАРТ СДК.МК