Еден од најпопуларните македонски бендови „Суперхикс“ ја објави втората песна од најавениот нов албум, на кој фановите чекаат веќе пет години. Синглот насловен „Добар човек“ е проследен со анимиран спот, изработен од Александар Несторовски и Меланија Димоска.
Новиот сингл следува пет месеци по објавувањето на песната „Крута“, кога „Суперхикс“ првпат откри дека подготвува нов албум.